top of page
Изработка на беџови и покани

 

Дизајнирав и изработив лого и мото за кариерниот центар ,беџови за учениците од моето училиште, покани за патрониот празник, честитки за 8- ми Март...

Проекција и презентација на филмот„Pay it forward

 

Со професорката по информатика Јасминка Димовска организиравме проекција и презентација на филмот „Pay it forward“. Продававме  интересни и инспиративни мисли  дизајнирани од моја страна.  Тоа беше успешна акција за поттикнување на луѓето да прават добри работи и да помагаат, бидејќи средствата беа наменети за хуманитарни цели.

Во текот на мојот живот секогаш најдувам време за дополнителни активности и се трудам да учествувам во разни проекти.​

 

Учество на дебата и работилница на тема „Дискриминација“

 

 Денови на акција против дискриминација - соработка со Мировниот корпус. 

Целта е постигната со  дебата, работилница и поставување на штанд во центарот на градот.

 

 

 

 

Учество на работилница на тема „Комуникација, тимска работа и лидерство“

 

Работилница на отворено , организирана од страна на младинската организација во моето училиште. Сметам дека добрата комуникацијата и тимската работа се клучот за успех, се разбира водени од добар лидер. 

Потоа и јас имав чест да оржам предавање на ученицте од трета година на тема „Комуникација“.

 

 

 

 

Курс по англиски јазик

 

Англиски јазик изучувам  во студиото за странски јазици

„Бумеранг“. Познавањето на повеќе јазици  сигурно ќе ни помогне полесно да се справиме со сите предизвици што ни престојат, а со тоа ни се отвараат повеќе врати за просперитет.

 

 

 

 

Фото модел

 

Убавината е кога имаш убави мисли, убаво срце и убава душа.

 

Во соработка со студиото за венчаници „БАРБАРЕЛА“ од Прилеп направив неколку фотосесии и се приклучив кон магијата - фото моделство. Ново искуство кое на мое задоволство  и понатаму продолжува.

 

 

 

 

Сите права се заштитени

 

bottom of page