top of page
Член на локална младинска организација
 

Јас сум активен член на локалната младинска организација „Здружение на млади економисти“. Членството го започнав пред две години и таму созреав како личност која доби многу нови пријателства, нови знаења, нови искуства и незаборавни дружења. Младинската организација има многу активности: по повод нашиот патрон празник, празнични панаѓури, хуманитарни акции, припреми за натпреварите МАССУМ и многу други случувања. Младинската организација е место во кое се преплетуваат скапоцени приказни и сите работи ги правиме со отворено срце па затоа секоја наша пофалба или награда е посебна за нас. Слушнете ја моќта на нашата порака„ МЛАДОСТА Е РЕШЕНИЕТО, А ТОА СМЕ НИЕ !“

Капитен на тимот за изработка на маркетинг план

 

19.04.2013г. - МАССУМ Олимпијада  во Тетово,  учество на натпреварот за изработка на маркетинг план. Работевме напорно и нашиот труд се круниса со освојување на првото место.

Учество во летен камп Виена - Австрија

Две години по ред, одев на летен камп во Австрија за изучување на германскиот јазик, каде покрај учењето, се здобив со нови пријателства и искуства.

Љубител на пишаниот збор
 

Во слободно време пишувам поезија и проза и на тој начин најдобро си ги искажувам своите мисли и чувства.Најдрага награда ми е првата награда во категорија проза, доделена од Клубот на литературни творци од Прилеп.

Посета на Американски Универзитет во Благоевград- Бугарија
 

Искуство - Американски Унивезитет во Бугарија. Имавме чест на присуствуваме на најразлични предавања, а темите на предавањата можевме да ги одбериме сами,слободно во зависност од нашите желби и струката за која сме заинтересирани.

Актер во драмата „Писание или судбина“
 

Нешто ново и непознато на почетокот, но сепак интересно беше членувањето во драмската секција на училиштето. Напорно работевме на драмата „Писание или судбина“ и сме задоволни од критиките на луѓето.

Рецитатор
 

Четврта година сум член на рецитаторската секција каде што најчесто се подготвуваме за патрониот празник и најразлични литературни читања.

Водител
 

Водител : патрон празник, литературни читања, церемонија за доделување на дипломи на матурантите, хуманитарни настани, разни манифестации....

Презентација на моето училиште по основните училишта
 

Го претставував моето училиште, односно мојот профил - економски техничар во сите основни училишта во Прилеп и околината. Им го пренесов своето лично искуство на осмооделенците и им ја кажав важноста на економијата за нашето опшество и целокупното живеење.

Резиме на кариера

Сите права се заштитени

 

bottom of page